Кошарка
ВИДЕО: Кога Русите местат кошаркарски натпревар, тоа го прават пред сите
Рускиот кошаркарски тим Арсенал Тула, кој се натпреварува во втората лига, е исфрлен од натпреварувањето, а тренерот е суспендиран до 2022. Причина е мечот кој го наместија против Динамо Ставропол.
Сцените од овој натпревар беа комични и беше очигледно дека е наместен. Натпреварот заврши 82:65, а во последниот период од играта кошаркарите постигнаа само три поени и ги утнаа сите слободни фрлања.
Погледнете го видеото и ќе ви стане јасно.