Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Крваво дерби во Белград, повредени 17 навивачи на натпреварот Партизан – Црвена Звезда

Најмалку 17 навивачи се повредени во тепачка која се случила на фудбалскиот натпревар меѓу Партизан и Црвена звезда во Белград. Тепачката се случила на јужната трибина на стадионот на Партизан за време на првото полувреме на „вечното“ дерби.

„Повредени се над 17 навивачи, се уште не се знае точната бројка бидејќи сите екипи се уште не се вратени од теренот. Едно момче е префрлено на реанимација на Военомедицинската академија која е дежурна“, вели портаролката на Итната помош, Нада Мацура.

Тепачката која траела 10-тина минути била спречена од страна на полицијата, која од стадионот отстранила неколкумина навивачи.