Фудбал
ВИДЕО: Кулушевски и Парма со „петарда“ за Пандев и Џенова
Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски со две асистенции и еден гол учествуваше во убедливата победа на Парма во дуелот со Џенова од 5:1. За гостите настапи и Горан Пандев, кој одигра едно полувреме, а во вториот дел на негово место влезе Пинамонти кој беше стрелец на почесниот погодок за Џенова.
Освен Кулушевски, стрелци на головите за Парма беа, Корнелиус кој постигна хет-трик и Куцка кој еднаш се запиша во листата на стрелците. Парма со 12 бодови е на осмото место, додека Џенова со само пет освоени бодови е на претпоследната позиција на табелата.
Серие А, 8.коло, парови и резултати:
Недела:
Сасуоло – Интер 3:4
Каљари – Спал 2:0
Сампдорија – Рома 0:0
Удинезе – Торино 1:0
Парма – Џенова 5:1
20:45 ч. Милан – Лече
Сабота:
Лацио – Аталаната 3:3
Наполи – Верона 2:0
Јувентус – Болоња 2:1
Понеделник:
Бреша – Фиорентина