Фудбал
ВИДЕО: Лалана го спаси Ливерпул од пораз на „Олд Трафорд“
Манчестер Јунајтед четири кола не знае за победа во Премиер лигата, а така остана и по вечерашното дерби против Ливерпул. „Црвените ѓаволи“ во не премногу интересен меч, имаа водство до 85.минута од 1:0 обезбедено преку Рашфорд во првото полувреме.
Сепак, на пет минути до крајот на мечот Лалана погоди за 1:1 и практично го спаси Ливерпул од прв пораз сезонава во Премиер лигата. Со ова реми ставен е крај на максималниот учинок на „Црвените“ од Енфидл.
Ливерпул останува лидер со 25 бодови, шест повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, додека Јунајтед и натаму е во долниот дел од табелата, односно 13-та позиција со освоени 10 бодови од 9 одиграни кола.