Ракомет
ВИДЕО: Лазаров е „авион“ и на 40 години – цепелинот ја запечати малата, но голема победа за Македонија
Годините се само бројка за нашиот Кирил Лазаров. Тоа уште еднаш го докажа на ова Светско првенство во ракомет кое оваа година се одржува во Египет.
Пред крајот на денешниот напревар Лазаров реализираше цепелин кој слободно може да кажеме дека стави печат на победата, која е мала но доволно голема за нашата репрезентација да продолжи по патот на Светското превенство, односно втората фаза.
Последниот погодок што Лазаров го даде, беше за 32:28 на 30-тина секунди пред крајот, кога со цепелин ја затресе мрежата на Чиле.
Лазаров го игра својот 40 мундијалски натпревар во кариерата, а за легендата да биде уште поголема, на сите натпревари, вклучувајќи го и денешниот со Чиле, ја тресел противничката мрежа.