Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Што кажа легендарниот коментатор Златко Калински за Кире Лазаров пред 22 години кога дебитираше за Македонија во Египет?

Кире Лазаров се враќа онаму каде што дебитираше за македонската репрезентација. Во 1999-та година го одигра првиот меч во националниот дрес, а со само 19-години на дебито го постигна и својот прв гол во репрезентацијата и тоа против Саудиска Арабија. Уште тогаш се знаеше дека тој ќе биде голема ѕвезда, не само во Македонија, туку во Европа.

Нашиот најдобар ракометар со неговите игри во клубовите во кои настапувал, но и во репрезентацијата го докажа тоа.

На тој меч, на неговото деби, легендарниот коментатор на МРТВ, Златко Калински, кој сега е во пензија, во ТВ преносот порача:

-Кире Лазаров, 19-годишната наша надеж. Тој е иднината на нашиот ракомет,  кој може да израсне до неслутени височини.

Навистина е така, Калински беше во право.