Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Легендарниот Веселин Вујовиќ порачува-Сакам Македонците во Вардар да ги „гризат“ странците

Новиот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, во интервју за „Балкан-хандбал“ зборуваше за составот и очекувањата за новата сезона. Порача дека очекува од македонските ракометари де немаат алиби улога во тимот, односно се што ќе погрешат, да очекуваат странците дека ќе го поправат. Вујовиќ очекува Македонците да ги „гризат“ странците, односно да бидат на исто ниво.

-Имав разговори со младите македонски играчи. Барав ова лето да одат на боречки спортови. Пивотмените на борење или џудо, а бековите и крилата на бокс или кик бокс. Има неколку причини. Сите боречки спортови се во дијагонален став. Така е и со ракометот. Ќе добијат на цврстина, агресивност и храброст. Знаете како е со играчите, штом работат во теретана, веднаш малку ги гледаат бицепсите во огледало. Не сакам Македонците во Вардар да играат алиби улога и да сметаат дека се што ќе направат лошо, дека ќе го поправат странците. Сакам да ги „гризат“ странците, да ги скубат и да не им даваат да играат повеќе од нив. Камо среќа целата постава да биде од Македонци, па нека странците само гледаат, ма колку и да се платени, изјави меѓудруго легендарниот Вујовиќ.

 

Реклама

Facebook