Тајмаут
ВИДЕО: Легендарните коментари на Југословенските коментатори
Спортот, особено фудбалот нема да биде таков каков што е ако не беа коментаторите и нивните „бисери“. Коментаторот не е само за да ги кажува имињата на играчите и да не потсетува во која минува беа постигнати головите, туку неговата задача е да го направи натпреварот повозбудлив, поинтересен, секако и да ве насмее.
Овие коментатори со своите легендарни коментари влегоа во историјата на југословенскиот спорт, па ајде да се потсетиме на некои од нив.
1. „Небо се отворило – стадион је експлодирао“
Милојко Пантиќ беше на коментатор кога Црвена Звезда го играше реваншот на Маракан против Баерн Минхен. По автоголот на Германците за 2:2, Звезда се пласира во финалето на Лигата на шампионите (КЕШ). Токму во тој момент Пантиќ го изговори овој легендарен коментар кој остана забележан во историјата.
2. „Нема више времена за било шта“
Младен Делиќ го коментираше натпреварот Југославија – Бугарија. На тој натпревар репрезентацијата на Југославија ја со репрезентацијата на Бугарија со 3:2 со гол на самиот крај на натпреварот. Делиќ броејќи ги секундите постојано кажуваше „Нема више времена за било шта“, а на крајот кога Југославија постиган гола не знаеше што да каже.
3. „Златна копачка Европе је позлатио сада и олимписки стадион у Атини“
Година кога црвена Звезда беше моќна, година кога сите се плашеа од „црвено белата фурија“. На гостувањето во Грција против Панатинаикос, нашиот Дарко Панчев постигна два прекрасни гола, а легендарниот коментар кој се уште се споменува гласеше: „Златна копачка Европе је позлатио сада и олимписки стадион у Атини“.
4. „Црвена Звезда је шампион Европе“
Можеби не е толку возбудлив како претходните, но во тоа време и тоа како беше. Панчев прецизно го изведе последниот пенал кој му ја донесе титулата на Звезда во Лигата на шампионите (КЕШ). Во тој момент коментаторот на цел глас викаше „Црвена Звезда је шампион Европе“.