Фудбал
ВИДЕО: Ливерпул преку Монтереј „закажа“ финале со Фламенго
Ливерпул-Фламенго е финалната двојка на ФИФА Светското клупско првенство. Вечерва европскиот првак беше подобар од Монтереј со 2:1. Избраниците на Јурген Клоп поведоа со голот на Кеита по фантастичната асистенција на Мохамед Салах во 12-та минута.
Сепак, радоста на „црвените“ траеше само две минути, бидејќи во 14-та минута Фуњес погоди за 1:1.
Победата на Ливерпул ја донесе Фирмино во 91.минута.
Финалето се игра на 21 декември во Доха.