Фудбал
ВИДЕО: Лукас и Трифуновски „виновни“ за трите бода на Пелистер против Ренова
Во рамките на 14. коло од првата македонска фудбалска лига денеска на стадионот по Туме Кафе се одигра натпреварот помеѓу Пелистер и Ренова.
По негативата на Пелистер од три изгубени натпревари, денеска конечно донесе радост на своите навивачи. Победи на домашен терен против Ренова со 2-1.
Првиот гол го постигна бразилецот Лукас во 36. минута, по додадена топка од Љамчевски.
До крајот на првото полувреме имаше уште една шанса на Илиев, но голманот на Ренова ја исфрли топката во корнер.
По само три минути од вториот дел на натпреварот под „Туме кафе“, Мишковски играше со рака во својот казнен простор и Мечкаровски досуди најстрога казна за гостинот.
Гостите во 81. минута од натпреварот успеаа да го намалат резултатот на 2-1 од белата точка и си заминаа од Битола без освоен бод.