Фудбал
ВИДЕО: Македонија го најде лекот во последните минути со европскиот првак
Италија цел натпревар притискаше, но Македонија успешно се бранеше. Европскиот прват по регуларните 90. +5 минути падна пред ГОЛЕМАТА МАКЕДОНИЈА.
- Историскиот гол на Александар Трајковски
Од самиот старт натпреварот започна со притисок од Италија. Имаше една брза транзиција на македонската репрезентација, но неуспешно проигрување меѓу Александар Трајковски и Милан Ристовски во 5. минута.
Нашите момци имаа контрола врз топката, играта продолжи на средината од теренот додека во 25. минута Италија преку Верати се проба од 25 метри, но непрецизно.
Следуваше катастрофална грешка на нашиот голман Димитриевски.
ВИДЕО: Катастрофална грешка на голманот Димитриевски можеше да не чини многу…
На Ренцо Барбера стигнавме со полувреме, а мрежите мируваа.
Второто полувреме започна со шут на Трајковски од 20 метри, за жал непрецизно. Минута подоцна веднаш брза контрола на Берарди, за среќа Димитриевски во одлична позиција.

Темпото на игра падна во 80. минута од натпреварот. Македонија во вистински егал со европскиот првак. Правиме и промени. На местото на Милан Ристовски, во игра влегува Бојан Миовски.
Дополните 5 минути игра, по регуларните 90 минути.
На натпреварот имаше околку 1.500 македонски навивачи.