Ракомет
ВИДЕО: Македонија го освои ЕХФ-шампионатот!
Македонските ракометари до 20 години уште еднаш потврдија дека се генерација која ветува, триумфирајќи на ЕХФ-шампионатот кој се одржа во Скопје.
Во финалето, полесно од што се очекуваше Македонија ја надигра Белорусија.
Избраниците на Данило Брестовац славеа со 29-23 и се изборија нивните наследници, за две години, да настапуваат во европската ракометна елита. Изненади леснотијата со која Белорусите паднаа или попрецизно, со која Македонија го надмудри противникот уште во рана фаза од натпреварот.
https://www.facebook.com/sportm.mk/videos/2067703329915345/