Фудбал
ВИДЕО: Македонија подобра во првите 45. минути, Велковски со глава од тешка позиција донесе водство…
Многу шанси, една реализирана во првите 45. минути од натпреварот и тоа со глава од тешка позиција. Македонија оди на пауза со водство од 0-1 против репрезентацијата на Исланс.
Репрезентацијата на Исланд од првата минута се закануваше кон нашиот гол преку Гудмондсон, но тука беше нашата одбрана која спречи шок на стартот од натпреварот во Рејкјавик.

Во 12. минута од натпреварот Македонија дојде до водство од 0-1. Гол со глава постигна Дарко Велковски. Ова е прв гол во новата ера на новиот селектор Благоја Милевски. За 26-годишниот стопер ова е втор гол во дресот на Македонија, по оној во баражот за ЕП 2020 против Косово.
Македонија во продолжение играше мудро и го чуваше предноста во Исланд. Во 27. минута од натпреварот Алиоски и Костадинов го тестираа голманот на Исланд, кој добро се снајде и немаше резултатска промена.
До крајот на натпреварот Македонија беше подобра со многу шанси пред голот на Рунарсон.
Главен судија на натпреварот е Иван Кружлиак од Словачка.