Кошарка
ВИДЕО: Македонски кошаркар номиниран за играч на деценијата во Евролигата
Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ, а сега претседател на Кошаркарската федерација е номиниран за кошаркар на деценијата во Евролигата.
Антиќ од 2010 до 2020 година, три пати го освои пехарот во Евролигата, два пати со Олимпијакос (2012 и 2013) и со Фенербахче (2017).
Меѓутоа во изминатите десет години, тој не играше цело време во Европа. Две години помина во НБА лигата, во дресот на Атланта од 2013 до 2015 година.