Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Мала уцена – Хабиб го натера детето кое навива за Барса да изговори „Хала Мадрид“

Хабиб Нурмагомедов се прослави во октомври минатата година каде го совлада Конор МекГрегор и после тоа направи хаос влетувајќи меѓу публиката.

Дагестанецот и тоа како се прослави во тој натпревар, па стана планетарно популарен и денеска многумина кога ќе го сретнат сакаат да се фотографираат или да добијат автограм.

На интернет се појави видео снимка како на непозната локација Хабиб се фотографира со еден помлад фан, додека другиот чекаше во редот.

И беше подготвен за заедничка фотографија, но ја промени одлуката кога виде дека се работи за навивач на Барселона.

„Навивач на Барселона? Не, не само Реал Мадрид“, порача Хабиб.

Дури кога го наговори детето да изговори „Хала Мадрид“, се согласи да се Фотографираат, а таткото само се смееше.

Хабиб беше навистина расположен, сето ова беше само шега, но сега барем знаеме за кого навива.

https://twitter.com/jakkrm/status/1139984938822860801