Тајмаут
ВИДЕО: Манчестер Јунајтед смисли посебна порака за роденденот на Видиќ
Некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ вчера го прослави својот 37. роденден.
На Видиќ му пристигнаа честитки скоро од сите краеви на Европа, а неговиот некогашен клуб Манчестер Јунајтед се потруди да биде во конкуренција за оние најдобрите.
Покрај краткото видео од неговите најзначајни дефанзивни дуели на Твитер клубот од „Олд Трафорд напиша: „Се надеваме дека Немања Видиќ го сака својот роденден како што сака да игра во одбрана“.
Видиќ во редовите на Црвените ѓаволи помина осум фантастични сезони каде освои пет титули во Прелиер лигата и една во Лигата на шампионите.
Покрај Јунајтед, во својата кариера има настапувано за Црвена Звезда, Спартак Суботица, Спартак Москва и Интер.
We hope Nemanja Vidic loves his birthday as much as he loved defending! ? pic.twitter.com/WbjCE37L4n
— Manchester United (@ManUtd) October 21, 2018