Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Манчестер Сити го потопи мизерниот Арсенал – навивачи славеа гол на притивникот

Манчестер Сити со 5-0 го победи Арсенал, тимот на Микел Артета одигра очаен натпревар и го забележа третиот пораз оваа сезона.

Дилемите околу победникот беа решени во 35. минута кога Гранит Џака доби директен црвен картон поради стартот со две нозе стартуваше над Жоао Кансело и до крајот на средбата единствена непозната беше со колкава разлика ќе победи Сити.

Статистиката изгледаше уште поужасно пред самиот крај, кога Манчестер сити имаше дури 96 проценти од поседот на топката и дури 10 шанси, додека Арсенал немаше ниту една можност кон голот на „граѓаните“.

Најдобар кај Арсенал денеска беше голманот Лено, неколку негови убави одбрани спречија и поголем дебакл. По три одиграни меча Арсенал е последен со девет примени голови, ниту еден даден, без бодови.