Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Марадона го расплака Федерер

Фондацијата Федерер организираше егзибициски тениски натпревар во Аргентина. На Швајцарецот друштво му правеше Александар Зверев.

Сепак, шоуто им го „украде“ легендарниот Диего Марадона. Тој сними видео порака за Роџер Федерер, поради која на Швајцарецот му се насолзија очите.

Меѓудругото во пораката Марадона рече:

– Ти беше, си и ќе останеш најголем на сите времиња. Нема никој како тебе. Ако имаш било каков проблем во Аргентина, сакам да ми се јавиш и да ми кажеш што ти треба.