Фудбал
ВИДЕО: Марсијал ја реши борбата за второто место против Тотенхем
Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем 1:0 (0:0) во дербито на десттото коло во Премиер лигата на Англија.
Дербито на „Олд Трафорд“ не понуди ништо од убавината на фудбалот, двајцата менаџери влегоа во тактичко надмудрување, кое на крајот му припадна на Жозе Мурињо.
Стрелец на единствениот гол е французинот, Ентони Марсијал, во напад кој беше од три потега, Де Геа-Лукаку-Марсијал.
Манчестер Јунајтед по ова коло ќе има 23 бода и сигурно ќе биде втор на табелата, 5 бода зад Манчестер Сити кои освоја 3 бода против Вест Бром.