Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Масовна тепачка пред мечот од ЛЕ, опожарени полициски возила, двајца полицајци повредени

Неколку хулигани се уапсени по масовната тепачка во пресрет на вечерашниот меч помеѓу украинскиот тим Олександрија и францускиот Сент Етјен.

Помеѓу уапсените седум се Французи и еден Германец. Според информациите од пполицијата во масовната тепачка учествувале повеќе од 100 хулигани.

Во нередите повредени се двајца полицајци, а биле опожарени и две полициски

возила. Мечот помеѓу Олександрија и Сент Етјен се игра вечерва во 21:00 часот.