Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Матераци од карантин брутално го испровоцира Ибрахимовиќ

Жонглирањето со тоалет хартиј доби голема популарност помеѓу спортистите за време на 15-дневниот карантин, особено помеѓу фудбалерите. Многумина снимија видеа, а потоа со тие видеа ги предизвикаа нивните колеги, пријатели, други фудбалски ѕвезди.

Но, Марко Матераци одлучи да го испровоцира Златан Ибрахимовиќ. Имено, поранешниот дефанзивец на Интер сними видео како жонглира со тоалет хартија, а потоа ја уфрла во пехар од Лигата на шампионите, и потоа напиша: Ајде Златан, да видиме дали го можеш ти ова?

Секако, провокацијата се однесува на тоа што Ибрахимовиќ иако играл за најдобрите клубови Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, сепак не успеа да ја освои Лигата на шампионите.