Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Маунт и го подари дресот на навивачка, а таа се расплака од среќа

Репрезентативецот на Англија, Мејсон Маунт направи убав гест по победата на неговата репрезентација во полуфиналето на Европското првенство.

Очекувано девојката беше пресреќна и заплака од среќа.

„Трите лава“ во продолженијата го скршија отпорот на противникот и со тоа донесоа многу среќа за нив, но и за сите навивачи, целата нација. Фановите на „Вембли“ беа максимално возбудени, а Мејсон Маунт дополнително се погрижи една навивачка никогаш да не го заборави овој ден.