Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Мавра ги предводи МЗТ до победа против екипата на Цибона

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа третата победа сезонава во АБА-лигата, откако попладнево, во Загреб, ја совладаа Цибона (92-77), во меч од 16. коло од регионалното натпреварување.

Цибона беше подобра само во првата четвртина којашто ја доби со 19:15, иако МЗТ подобро ја отвори, но следните две делници скопските кошаркари ги добија со 19 разлика (56:37), правејќи целосен резултатски пресврт. Особено МЗТ беше супериорен во третата четвртина којашто ја доби со 30:18, а во последниот дел му преостана само рутински да го приведе натпреварот кон крајот, остварувајќи ја само третата победа оваа сезона.

Кај МЗТ предводник беше Доминк Мавра со 18 кошови, 10 асистенции и 6 скокови, а го следеа Дамјан Стојановски, исто така, со 18 погодоци, и Марко Симоновски со 16 кошови. Кај Цибона најефикасни беа Лука Жориќ со 20 кошови и 6 скокови, ветеранот Марко Томас кој влезе од клупата со 15 поени и Марин Розиќ со 14 поени.

МЗТ и натаму е последен со 19, бодови, односно сооднос од 3 победи и 13 порази, две победи помалку од Мега Бемакс и Петрол Олимпија.