Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Мексиканците повеќе навиваа за Јужна Кореа отколку за Мексико

Јужна Кореа му помогнаа на Мексико да се пласира во нокаут фазата така што ја победија Германија со 2:0 и ја исфрлија од турнирот, па Мексиканците одлучија да ги почестат Јужно Корејските навивачи со фрлање во воздух или со бесплатно трчање со нив на грбот, зависи кој што ќе прифати.

Така тие ги „малтретираа“ Јужно Корејците каде и да ги сретнеа, а неколку луѓе одлучија и да го снимаат ова убаво расположение помеѓу навивачите.