Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: М. Сити претстави спектакуларен план за обнова на „Етихад“

Манчестер Сити поднесе барање до Градското собрание за реконструкција на стадионот Етихад. Клубот има намера да инвестира повеќе од 300 милиони фунти, објавија Граѓаните.

Според планот, Северната трибина треба да се прошири и капацитетот на објектот да надмине 60 илјади седишта. Етихад моментално собира 53.500 гледачи.

Предвидена е и изградба на скај бар со поглед на теренот, хотел со 400 легла, фан-зона за 3000 поддржувачи, нова клупска продавница и музеј. Реконструкцијата ќе трае три години до 2026 година.

Домот на Мен Сити е изграден за Игрите на Комонвелтот во 2002 година и тимот ги игра своите домашни натпревари во објектот од 2003 година. Стадионот моментално е петти по големина во Премиер лигата. Со поголем капацитет се: „Олд Трафорд“, „Стадионот на Тотенхем“, „Емирати“ и „Олимпискиот стадион“ (Вест Хем).