Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси „главен“ и во репрезентацијата, му рече на селекторот на Бразил дека треба да молчи

Аргентина го совлада Бразил со 1:0 во пријателски меч одигран во Саудиска Арабија, со голот на Лионел Меси. Иако се работи за пресметка на две репрезентации, лути ривали, сепак по мечот ретко кој зборува за голот и победата.

Во центарот на вниманието е повторно Лионел Меси. Многу се зборува дека во Барселона го има главниот збор за многу нешта, а веројатно таквиот карактер сака да го пренесе и на репрезентативните настапи.

Имено, при една ситуација селекторот на Бразил, Тите реагираше кај судијата, а Меси тоа го слушна и со прстот и рацете на селекторот му гестикулираше и покажа да замолчи.