Connect with us

SPORTM.mk

ВИДЕО: Мурињо го исполни ветувањето, па купи подарок од 800 евра за идната ѕвезда

Жозе Мурињо е пресреќен откако неговата Рома вчера со 2:0 славеше во Џенова.

Тоа беше многу тежок и напорен натпревар за Рома, но резервистот Феликс Афена-Гјан беше херој бидејќи постигна два гола.

Тренерот на Рома, Мурињо сега треба да го исполни ветувањето на талентираниот напаѓач, кој има 18 години, дека ќе му купи патики од 800 евра.

„Му ветив на Феликс дека ќе му купам патики од 800 евра, ако успее да постигне гол. И ме потсети на ова кога го постигна првиот гол“, рече Мурињо.

Младата ѕвезда на Рома и репрезентативец на Гана годинава пристигна во Рим од Гана, а платен е само 350.000 евра, што е навистина вистинска ситница со оглед на тоа за каков „скапоцен камен“ се работи.

Неговиот договор со Рома е со важност до летото 2025 година, а вчера беа неговите први голови во дресот на Вучица, односно во првиот тим, бидејќи претходно имаше настап за У19 на десетина натпревари.

Реклама

Facebook

Реклама