Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: На кого му мавкаше Мбапе? Никој го нема така „насамарено“ како Чупо-Мотинг

Фудбалерите на ПСЖ минатиот викенд ја совладаја екипата на Амиен со 5:0 и на тој начин ја продолжија својата доминација во домашниот шампионат.

Еден од најдобрите на теренот повторно беше 19-годишниот Килијан Мбапе кој повторно се запиша во листата на стрелци, а со тоа потврди дека е во одлична форма. По натпреварот, ПСЖ ги поздрави навивачите на трибините, а стариот трик наседна Мбапе.

Всушност, Ерик Максим Чупо-Мотинг беше во можност да направи „будала“ на младиот француски напаѓач, кој му мавкаше на непозната жена на трибините. Чупо-Мотинг му рече на Мбаппе дека е мајка му и да се поздрави, а младиот напаѓач поверува во тоа.

Откако почна да му мавка на непозната жена, сфатил дека нешто не е во ред, бидејќи исто така и таа се изненадила од неговата реакција. Но, сепак сфати дека Чупо-Мотинг добро го измамил.