Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На Рибери му се заканува суспензија од неколку натпревари

Фиорентина загуби од Лацио 2:1 на домашен терен, но може да го  „загуби“ Рибери на подолг период. Имено, на искусниот Французин му се заканува суспензија од неколку натпревари поради тоа што на овој меч два пати го турна линискиот судија.

Рибери најнапред негодуваше откако беше заменет од страна на тренерот Монтела, а потоа својот бес го „истури“ врз линискиот судија по завршувањето на натпреварот за што доби и црвен картон.

Постои и виедо снимка на која се гледа дека Рибери намерно го направил сето тоа, а според италијанските медиуми, можно е неколку месеци да го нема на теренот.