Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Надал до новинар, друго прашање, бидејќи ова беше ср***е!

Рафаел Надал загуби на првиот меч од завршниот мастерс турнир во Лондон од Александар Зверев.

Германецот практично рутински славеше против Шпанецот, во два сета, а Надал во текот на мечот делуваше многу нервозно.

На конференцијата за медиумите, Надал беше прашан дали е целосно концентриран на тенисот, со оглед дека неодамна се ожени.

-Навистина ова ме прашувате? Да не е некаква шега, праша Надал, а потоа продолжии:

_навистина сум изненаден што ме прашувате вакво нешто. Со иста девојка сум 15 години, имам многу стабилен и нормален живот. Не е важно тоа што сега имам прстен на раката. Ајде да продолжиме со други прашања, бидејќи ова беше ср**е, одговори Надал.