Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Надал ги претвора соништата во реалност

Рафаел Надал денеска го победи Ричард Гаске во третото коло од Роланд Гарос.

Гаске не знае за победа во дуелите со Рафа, кој денес лесно стигна до осмина-финалето, совладувајќи го Гаские со 3:0 (6:3, 6:2, 6:2).

По натпреварот, Шпанецот одлучи да ја исполни големата желба на момчето кое беше задолжено за донесување на топките. Тој побара, како голем фан на Рафа, да играат заедно, па Шпанецот ја исполни неговата желба.

Момчето беше, се разбира, многу среќно, а Надал заслужуваше голема почит по овој потег.