Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: НБА во шок – Летаа заби по теренот, шампионот на колена, никој не очекуваше вакво финале

Големото финале од НБА лигата влезе во завршницата и тоа со изненадувањ. Торонто во бурниот натпревар како гостин го совлада бранителот на тронот, Голден Стејт со 95:105 и со 3:1 во серија дојде на една победа до првата титула во историјата на клубот.

Домашните навивачи се надеваа дека нивниот тим ќе изедначи на 2:2 и така ќе закажат барем уште еден натпревар во својата „Оркал арена“. Но се испостави дека ова можеби е и последниот настап во споменатата арена, која ја користат веќе 47 години (се преселуваат назад во Сан Франциско), затоа што „Рапторсите“ следниот натпревар го играат пред своја публика и доколку победат – ќе го добијат и шампионскиот трофеј.

Но, навивачите на Торонто беа и во арената на Голден Стејт. И тоа толку многу што на моменти се’ „грмеше“ од нивните песни:

А на теренот… На теренот можеби не беа шутевите кои ја красат модерната НБА, но секако дека беше возбудливи.

Впрочем, како на друг начин да се објасни ситуацијата кога Шон Ливингстон од Голден Стејт со лакт во лице го удира Фред Ванвилт и му ја раскрвавува аркадата, а притоа… му скрши и заб.