Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Нејмар освои 21.000 долари на покер турнир

Бразилската ѕвезда Нејмар, покрај добриот фудбал, од рака му оди и на покер турнирите.

Имено, Нејмар освоил 21,470 $ на бразилскиот покер серијал (BSOP), освојувајќи го финалето.

Напаѓачот на ПСЖ имаше депозит од 1.877 долари и успеа да ги зголеми на натпреварот кој имаше 228 играчи.

“Многу сум среќен што дојдов до финалето, тоа беше големо искуство за мене. Конкуренцијата беше жестока”, рече Нејмар.

Бразилецот беше видливо среќен на паузите, давајќи автограми на навивачите, а исто така се фотографираше со некои од нив.

Инаку, на крајот, победи Бразилецот, Афиф Прадо, кој освои 317.800 долари, втор беше Чилеанецо, Оскар Алаше со 250.000 долари.