ВИДЕО: Нејмар призна: Да, ја удрив, но таа го побара тоа

Најила Триндаде пред неколку недели го обвини Нејмар за силување.

Најила не се откажува од тврдењето дека била силувана од страна на рпрезентативецот на Бразил и напаѓачот на ПСЖ, а во медиумите се појавија и некои работи што може да одат на штета на Нејмар – снимки од хотелот.

„Тој ме тепаше, дури и го фотографираше мојот задник на кои се гледаат модринките, најверојатно сакаше да им се фали на неговите пријатели. Следниот ден јас го удрив бидејќи не сакав да одам лута дома, тој ме силуваше. Беше пијан и дрогиран, сето ова го потврди преку пораките кои ми ги прати“, напиша Тиндад.

Нејмар се појави на сослушувањето по обвунувањето. Тој даде изјава за полицијата во Сау Паул и призна дека ја удри Најила.

Сепак, тврди дека немаше силување, но, исто така, дека тој ја удри Најила, бидејќи таа го бараше тоа.

„Сексуалниот однос беше желбата на двете страни, таа сакаше да ја удрам неколку пати“, изјави Нејмар.

А во меѓувреме двојката доби и тужба за клевета.

„Сакам правдата да ја истерам до крај, јас сум по трауми, сакам да плати за она што го стори“, изјави таа.