Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нема повеќе дилеми, Милер покажа дека му е верен на Баерн Минхен

Иако во зиманиот период имаше разни шпекулации за иднината на Томас Милер, сепак тој денеска стави крај на таквите информации. Потпиша нов договор со Баерн Минхен, кој ќе биде со важност до 2023-та година.

Нема детали за договорот, но според фотографиите и видео снимката може да се забележи дека сите се задоволни.

Томас Милер е икона на клубот и во последните неколку години Баерн Минхен речиси да не може да се замисли без него.

За првиот тим дебитираше пред точно 10 години, а претходно го носеше дресот на вториот тим на Баерн Минхен и младинскиот погон на германскиот првак.