Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Несторовски ја продолжува голгетерската серија

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја продолжи голгетерската серија. Тој синоќа постигна гол за својот тим Палермо против Пескара на гостински терен во воведниот меч од 13.коло на италијанската Серија Б.

Несторовски беше стрелец на вториот гол за Палермо, а со прецизен удар во 33.минута, му донесе водство на својот тим од 2:1. Сепак на крајот мечот заврши без победник 2:2.

За Несторовски ова беше трет гол во низа, а вкупно деветти сезонава, па „Нестор-гол“ сега има само еден помалку од првиот стрелец во Серија Б, фудбалерот на Емполи, Франческо Капуто.

Со освоениот бод и вкупно 22, екипата од Сицилија е лидер на табелата. Палермо важи и за еден од најсериозните ривали за враќање во Серија А.