Тајмаут
ВИДЕО: Неверојатни сцени, за малку физичка пресметка помеѓу Клоп и тренерот на Монтереј
Ливерпул едвај го совлада Монтереј во полуфиналето на ФИФА Светското клупско првенство и обезбеди финале против Фламенго. Фирмино во 91 минута погоди за 2:1 и победа.
Тренерот на Монтереј по мечот изјави дека судијата го фаворизирал Ливерпул, а какви тензии имаше на овој меч доволно говори и видеото кое покажува дека малку фалеше да има физичка пресметка помеѓу Јурген Клоп и тренерот на Монтереј Антонио Мохамед.
До ваквата ситуација дојде откако тренерот на Монтереј гестикулираше кон судијата дека треба да покаже картон на фудбалер на Ливерпул, а Јурген Клоп реагираше во негов стил. По ова Антонио Мохамед тргна кон него покрај аут линијата, но беше сопрен од четвртиот судија. Гестикулациите на тренерот на Монтереј кон Клоп личеа на „Ќе те чекам надвор“.