Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Неверојатно, тепачка на тенис меч

Многу инциденти, тепачки сме виделе, во речиси сите спортови, но во тенис, ваквите моменти се ретки, речиси и да не се случуваат, бидејќи нема директен контакт помеѓу натпреварувачите.

Сепак, мечот помеѓу Канаѓанката Катерина Себов и Американката Алисија Пeркс на ИТФ турнир во Лас Вегас го обележа тепачката на противничките и тоа по последниот поен.

До инцидентот дошло откако Себов, според пишувањата на медиумите, премногу ја стиснала раката на Перкс при поздравувањет, па „паднаа“ туркања, но и удари.

За среќа сето тоа брзо се заврши, бидејќи реагираше судијата на мечот, како и останатите официјални лица на натпреварот.