Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Невнимателен навивач правеше селфи, па предизвика болка кај Салах

Мохамед Салах пристигна во Русија, но поради повредата на рамото постои можност да го пропушти првиот натпревар.

Во петок Египет игра против Уругвај, а ѕвездата на Ливерпул се уште е под знак прашалник, затоа што во Русија пристигна со повреда на рамото, која ја здоби во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Невнимателниот навивач сакаше да направи селфи со Салах и за малку можеше да ја влоши ситуацијата, затоа што ја стави раката на неговото повредено рамо, а Салах, како што се гледа од изразот на неговото лице на видеото почувствува болка.