Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Ник Калатес носи победа за Панатинаикос со звукот на сирената

Панатинаикос забележа победи во последните секунди од дуелот против Жалгирис во рамките на 20.коло на кошаркарската Евролига.

На средбата одиграна во Атина, Панатинаикос го победи Жалгирис 94-93. Јунак на Панатинаикос во овој меч беше Ник Калатис кој погоди со звукот на сирената, Тој средбата ја заврши со 14 постигнати поени колку што имаа и Маркус Денмон и Лукас Лекавичиус. Кај поразениот тим на Жалгирис, а воедно и на натпреварот прв стрелец беше Антанас Кавалиускас со 21 поен.