Connect with us

Фудбал

(ВИДЕО) Нов малер за ПСЖ и одлична вест за Јунајтед – Уште една ѕвезда на Французите се повреди!

Црна сабота за навивачите на ПСЖ.

Само четири дена во пресрет на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед, „Светците“ останаа и без уште еден напаѓач. Единсон Кавани успешно реализираше најстрога казна во 42. минута која им овозможи на Парижаните нова првенствена победа над Бордо од 1:0 и продолжување на доминацијата во француски рамки, но многу посериозно е она што се случи на полувремето од тој натпревар.

Имено, при ударот, Уругваецот, како што пренесуваат француските медиуми, го повредил бутниот мускул поради што беше заменет по 45 минути игра. Секако, нималку убава вест за Томас Тухел само неколку дена во пресрет на мечот со англискиот великан на „Олд Трафорд“, за кој од претходно не може да смета на првата ѕвезда на тимот Бразилецот Нејмар кој исто така е повреден.

Ако Германецот остане и без Кавани, тогаш тоа би бил навистина сериозен удар за еден од најбогатите клубови на светот за кого и оваа сезона Лигата на шампионите е целосен приоритет. Така наизглед неважниот натпревар и евтината победа над Бордо однесе скапа жртва која допрва би можела скапо да ги чини „Светците“, ако првите прогнози се обвистинат.

Извор: Спорт Клуб
Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com