Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Нова победа и дабл-дабл за „Брадата“ на натпреварот со Сан Антонио

Хјустон како гостин славеше против Сан Антонио во дербито на Тексас.

Домаќините имаа водство само во првите минути од мечот, потоа „Ракетите” превзедоа сè во свои раце и имаа двоцифрена предност во најголемиот дел од средбата.

Сан Антонио се доближи на -6 (76-82) на стартот од последната четвртина, но Хјустон не дозволи пресврт и на крајот триумфираше со 91-102.

Харден беше најдобар поединец на вечерта со дабл-дабл учиник од 28 поени и 11 асистенции.