Кошарка
ВИДЕО: Објавена снимка од паднатиот хеликоптер во кој загина Коби
Еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња, Коби Брајант (41) загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, град во американската држава Калифорнија.
Коби Брајант патувал со повеќе луѓе во приватен хеликоптер што се срушил и никој не ја преживеал несреќата.
Трагичната вест беше официјално потврдена од градските власти на Калабасас. Полицијата соопшти дека вкупно девет лица загинале во несреќата. 13-годишната ќерка на Брајант била меѓу нив. Брајант имаше вкупно четири ќерки со сопругата Ванеса.
Веста за смртта на легендата на кошарката го шокираше светот.