Фудбал
ВИДЕО: Од готово вересија, Македонија ремизираше со Исланд
Одбраната капитулира, а со тоа и цела наша македонска репрезентација. На третиот натпревар, наместо победа, од готово си направивме вересија и на крај реми со Исланд.
-
- Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот
Во првото полувреме од натпреварот Македонија имаше многу шанси, а една одлична и истовремено тешка реализација на Дарко Велковски. Тој со глава в0 12. минута од натпреварот го постигна првиот гол во новата ера на селекторот Благоја Милевски, а втор негов во македонскиот дрес.
Второто полувреме започна одлично, по само 9 минути игра, Езџан Алиоски направи соло продор и со претцизен удар го совлада Рунарсон во 54 минута.
Арнасон во 64. минута ја затресе мрежата на Димитриевски, но линискиот судија го крена знаменцето сигнализирајчи офсајд. Одлуката беше потврдена и од ВАР собата.
Бјарнасон во 78. минута ја затресе мрежата на Македонија, судијата повторно се консултираше со ВАР, но овој пат сигнализираше гол, а Бјарнасон го намали водството на 2:1.
Фудбалерите на Македонија, имаа водство од 2:0 проти Исланд но по првиот гол на Бјарнасон во 78. минута за 2:1, Исланд експресно стигна до израмнувачкиот гол. Гудјонсен во 84. минута успеа да постигне гол за изедначивање (2:2) и враќање на Исланд во игра.