Поврзи се со нас

Ракомет

ВИДЕО: Охрид со пресврт славеше во дербито со Пролет

Охридските ракометари го задржаа победничкиот курс во групата А од Супер лигата, совладувајќи го Пролет во дерби средбата со 22-18 (10-12). За „гладијаторите“ ова е шести триумф, во исто толку одиграни мечеви во македонската ракометна елита.

Клучот на победа на охридските „гладијатори“ лежи во одбраната која одигра маестрално второ полувреме. Домаќините, кои имаа водство после триесет минути игра (12-10), до финишот од вториот дел постигнаа само 3 погодоци, а охриѓани со осум голови во мрежата на Пролет го презеде водството. После истекот на семафорот стоеше 22-18.

Листата на стрелци ја предводеше Филип Кривокапиќ со осум, а Денис Тот постигна седум голови. Кај Пролет најефикасен беше Давор Палевски со шест погодоци.

Извор: OhridNews

loading...

Facebook