Ракомет
ВИДЕО: Она што го прави Митревски на голот не е нормално, ги излудува противничките ракометари
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, кој настапува за Порто од натпревар во натпревар покажува дека е еден од најдобрите ракометни голмани во Европа. На последниот меч од португалското првенство на дербито против Спортинг забележа неверојатни 14 одбрани и практично ги излуде противничките ракометари. Фантастичниот меч Порто го прикажа во нешто помалку од две минути, а за каков голман се работи доволно е да се погледне видеото. Порто славеше на овој меч со 33:27, а Митревски 14 одбрани забележа од 27 шутеви кон неговиот гол.