Тајмаут
ВИДЕО: Ова е целосната снимка, зошто Медел влезе во конфликт со неговиот тренер Михајловиќ?
Изминатиот викенд видовме несекојдневна ситуација. Болоња го совлада Лече со 3:2 по драмата во финишот, а искри можеа да се видат во текот на целиот меч.
Во еден момент фудбалерот на Болоња Гери Медел дури се обиде да се пресмета со својот тренер Михајловиќ, но неговата храброст кусо траеше.
Сепак, на време се свести дека пред себе го има тренерот и фудбалска легенда каква што е Михајловиќ.