Тајмаут
ВИДЕО: Ова го може само Гатусо – го фаулира Вентола, па на шега му удри шамар
Италијанскиот фудбалски волшебник, Андреа Прило синоќа го одигра својот проштален натпревар на Сан Сиро, каде што го помина поголемиот дел од својата успешна кариера.
Пирло собраа голем број фудбалски ѕвезди минатата ноќ на Сан Сиро, а присутните беа во можност да уживаат во брилијантни потези на поранешните и актуелни светски фудбалери.
Еден од нив кој играше за Белата ѕвезда беше сегашниот тренер на Милан, Џенаро Гатусо. Легендарниот Гатузо, исто така, минатата ноќ покажал каков фудбалер бил и како се борел.
За него не беше важно дека ова беше пријателски натпревар, бидејќи жестоко го фаулираше Никола Вентола. Кога поранешниот напаѓач на Интер и Аталанта почна да се жали на стартот, тој помина уште полошо, бидејќи Гатузо, секако на шега, му удри шамар.