Фудбал
ВИДЕО: Партизан го крена трофејот и ја спаси сезоната, црно-белите ја надиграа Звезда
Не треба да се откажете од ранетиот лав – реченица која како да е нарачана за Партизан во денешното финале. Како во делириум играше тимот на Милошевиќ. За нив просто непрепознатливо, но во позитивна смисла.
https://youtu.be/nWP3VNN0-qQ
Партизан го совлада вечниот ривал Црвена звезда на „Рајко Митиќ“ со минимални 1-0 и стигнаа до трофејот во купот на Србија. Може да се каже дека црно-белите ја спасија сезоната, затоа што во српската лига имаа очајна сезона и завршија на третото место заостанувајќи цели 30 бодови зад својот најголем ривал. Ова за Партизан е четврти куп во низа, а седми севкупно.