Тајмаут
ВИДЕО: Пијан Англичанец го прослави голот на Тунис: “Упс, погрешен тим”
Светското првенство во Русија носи многу добри игри, но исто така и интересни приказни.
Гледавме разни настани во Русија, а има и една луда приказна од пабот во кој англиските навивачи го следеа натпреварот против Тунис.
Еден добро пијан англиски навивач го прослави голот на Тунис од белата точка за 1:1, а потоа сфати дека противничкиот тим постигна гол.
Многумина го погледнаа чудно, а тој веднаш отиде на другата страна за да избегне поголема трагедија.